Иначе, мора да признаам дека е голема уметност од 22 нискоинтелигентни пљукачи и секначи на нос да се праат миљарди.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сето тоа Кирхер го нарекува “ars magna lu- cis et umbrae”, голема уметност на светлината и сенката.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Седеше затворен, поправо заклучен во собата, со клучот одвнатре, божем така се создавала големата уметност, додека децата како мачиња цивкаа и молеа да го видат, како родител.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Марина Џавери, италијански книжевен теоретичар и компаратист Големиот сликар, импресионистот Пол Сезан, на крстопатите помеѓу фигуративната и апстракната уметност, тврдеше дека сликајќи само едно јаболко ќе го освои Париз, со што сакаше да им покаже на љубителите на сликарството дека големата уметност може да се создава и од обични субјекти.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Младичот на Пармиџанино е умен, сензибилен, делумно анемичен, тој ги сака маскирањето и пресметаното подвојување во конвексно огледало.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кој манирист би можел да ја разбере дефиницијата на поезијата која Новалис ја дава во своите Фрагменти: “Поезијата е голема уметност на конструирање на трансцендетално здравје.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)