Го гледаше големиот часовник во кафеаната, кој како судник, часовите ги претвораше во секунди најавувајќи ја разделбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гледам на големиот часовник на ѕидот од станицата: стрелката клоцнува, се поместува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кое е доба на денот дознаваше и кога немаше сонце, кога камењата не фрлаа сенка; тоа го дознаваше по некој свој внатрешен навик, по бројот на ударите со чеканот на глетото, по нивното одѕвонување што личеше на голем часовник.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Над каминот, на големиот часовник со клатно, можеше да се забележи времето: девет часот и дваесет минути, во еден од непознатите париски денови на амбасадорот Фетхи-беј Окијар...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Погледот му запира на големиот часовник обесен на ѕидот отспротива; стаклото му е заматено, прекриено со прашина, времето 'рѓосало во него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ќе го чуеше нејзиниот глас Тој го навиткуваше големиот часовник Кој точно на пладне биеше свечено довикувајќи ја неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)