Заблуда голема ко планина. Нѐ учеа уште дека и „трулиот капитализам неминовно пропаѓа“. Баш го гледам; кај да е, готов е.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)