Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тогаш дојде новата ера на падот на империите, сосе империите и на падот на илузиите, во општото паѓање тогаш настрада и СФРЈ, братска заедница на рамноправни народи и народности, така и било пишано, и нам така ни било пишано - да ни се смалува татковината а странството да ни биде ем големо ем далечно, оти со пасоши без визи сегде е многу далеку.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)