— Нере ѓидиорсун, бре ќерата, ана сени — ... ана! — викна првиот што дојде до Крстета и ја смолкна пушката, го заврте кундакот да мавне, но Крсте за час се провна под магарето и заплака, молејќи се со „аман ага, аман ефендум, аман пашум" и целиот се затресе како лисјето на ближната бука од горскиот ветер.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)