горен (прид.) - агол (имн.)

Потоа ги свртува очите угоре и долго време гледа во десниот горен агол од прозорецот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Како декорот на театарската сцена пред почекот на претставата: посеаното лисје е од жолто, лажно злато, фасадата од куќата од картон, со исцртани прозорци, покрив и оџак од страна на публиката, а фонтаната е набрзина направена од гипс, дури и сенката е формирана од некој огромен затемнет рефлектор што пропушта светлина само на краевите, па местото, некаде во горните агли, е допрена со тенок, светлосен ореол, лесно е да се замисли лулка, закачена на дебелата гранка на дабот, подготвена да ја сочека младата девојка со книга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Упатствијата гласат: сликата треба внимателно да се разгледува почнувајќи од нејзиниот лев горен агол, и тоа така што ќе ја свртиме и држиме во висина на очите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Понекогаш неговиот пријател сликар го наоѓа заспан во левиот или десниот горен агол на просторијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега Фјодор веќе не излегува од својата сукња и од креветот. Ќе пролебдее малку низ собата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На беџот во горниот агол пишува „Alles banane“ - се е банана.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодоровиот пријател сликар случајно на патот пронајде беџ со полуизлуштена банана направена од жолти и бели лего коцки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)