Како и да било, другите останале да се раскажува и потаму за нив. * Значи, ако не се грешело во сметките, по напуштањето на сиротинските расфрлани лесновски куќи зад господовиот грб, со бледи каменоресци, со многу трудни жени и со еден поинаков поп отколку што бил историчарот Доситеј Давидовски, дружината останала без повеќе од десет луѓе и со триесет камења за петнаесет воденици, и останала без сили да ги совладува нагорнините, дури и голите рамнини на кои и најмалиот камен израснувал пред очи во застрашувачка карпа од исконски дни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Попот не се напрегал богзнае колку да ги опише страдањата на болните: Сандре Самарија, Самуил Пендуш и Филип Макариев блуеле или плукале крв пред умирање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)