А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Под него тонеше темнината. Ноќта ги криеше под своите густи, црни коси расфрлените купишта од градежни материјали и ги бришеше сите видливи траги од дневната мака.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Камилски беше посебно импресиониран од овие два посебни збора, всушност, синоними, коишто со издиференцирано значење се употребуваат до денешни дни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски беше посебно импресиониран од бројот на турските заемки од областа на градежните материјали кои навлегле во балканските јазици од кои некои се употребуваат и денес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќерпичот, при заземањето на Балканот, како и при другите освојувања, Турците го носеле со придобиеното искуство од Арапите во градбите приспособени на климатските услови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но како стигнал и останал ќерпичот на Балканскиот Полуостров? праша Татко откако ги слушна за прв пат податоците на овој значаен градежен материјал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Веќе беа уништени столетните јудејски гробишта, а мермерните плочи со вековно старите натписи, сведоштва за едно милениумски долго постоење на децата на Израилот на овој простор, беа продадени на грчки контрактори за да бидат користени како градежен материјал.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Иако и тој и рабинот Михаел Молхо и инженерот Ели Модиано на Мертен му ги покажаа надгробните споменици со историско и културно значење, иако тој им вети дека нема да се сквернават гробовите стари до 30 години, исчистија сè.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наместо да бидат ослободени, принудните работници беа депортирани, овојпат некаде далеку. Веројатно во Полска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги снема спомениците на обични луѓе и знаменити личности, мермерни знаци, историски сведоштва на сефардските четири века, за романиотските 18 столетија на една знаменита некропола и барем 24 векови гробно незачувано присуство на овие простори отидени во шут, распарчени плочи и багателен градежен материјал на огромна површина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
До високата и бела зграда стигнавме, прескокнувајќи купишта расфрлени градежни материјали и се изгубивме во лавиринтот од нови објекти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едни празни кон граничниот премин со Грција, други, од таму најчесто товарени со градежен материјал, а најмногу со тули и керамиди, итаат на запад, кон Билишта (Bilisht), чие име со големи букви е напишано на таблата со сина подлога.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Работникот Орхан Авдиќ од Скопје (сега 54-годишен) беше вработен во фабриката за цигли, тули и ќерамиди – АД за произ- водство и промет на градежни материјали „Киро Ќучук“ – Велес, која во транзицијата беше приватизирана по партиска линија од страна на локални моќници, со договор за работа на неопределено време, од 1982 год. – седумнаесет години пред да настане конкретниот работен спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одлуката на ревизискиот суд се доставува до првостепениот суд преку вто- ростепениот (чл. 389, ЗПП). 100 Авдиќ против „Киро Ќучук“1 Спор за враќање на работа поради неоправдан отказ2 Potentia debet sequi iustitiam, non antecedere Моќта треба да ја следи правичноста, а не да ја натфрла!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)