За разлика од градското население исламизацијата зафатила просечно околу 3% од селското македонско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во однос на исламизацијата во Македонија од шеесетите до осумдесетите години на XVI век според статистичките податоци, околу половина од вкупното градско муслиманско население имало христијанско потекло, што врз основа на сумарни показатели може да се заклучи дека една четвртина, односно 25% од вкупното градско население на Македонија во тоа време му припаѓало на исламизираното домородно, пред се македонско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Турскиот јазик главно го зборуваа селаните, градското население, додека трговските кругови се служеа со грчкиот јазик, владејачките слоеви го употребуваа арапскиот јазик, а во верските училишта, особено во медресите се учеше на персиски и на арапски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)