Најпосле градскиот часовник отчука рамномерно и просто шестпати.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Човекот веќе беше исчезнал, а градскиот часовник покажуваше пет и дваесет.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Мене ми треба здравје, младост и пари: И пари!!! (се слуша биење на градскиот часовник, брои гласно).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не знаејќи колку е часот решив да почекам крај отворениот прозорец, да чујам колку ќе отчука градскиот часовник. Минутите бавно минуваа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ветерот дуваше од север и носеше мирис на дожд. Градскиот часовник отчукуваше.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)