Зависно од аголот на гледање некому тоа може да му делува импозантно (1 500 картички текст, неколку стотици графички прилози, неколку стрипа, десетици млади македонски автори со своите први објавени творби, десетици текстови за најактуелните светски трендови во уметноста, теоријата, филозофијата, многу интервјуа со планетарно маркантни личности...), а некому сета работа може да му делува ништожно и безвредно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во тие 35 книги има повеќе од 3, 000 страни текст и повеќе од 300 графички прилози.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За ова елементарно претставување во Маргина одбравме шест прозни автори и седум сликари; освен ова застапени се и два аналитички текста за експресионизмот и многубројни графички прилози. 54 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И уште малку де-конструкција: дури ни црната боја (дури ни мракот овде!) на кориците во првите пет броја не успеа да остане сјајна под вашите похотни прсти; некои графички прилози беа со лош квалитет поради тоа што нашето сканерче “фаќа” само 300 точки на инч (и воопшто, за уште покомплексен графички изглед секогаш недостасува уште покомплексна компјутерска опрема); некои текстови беа испечатени со непријатно ситни букви; не секогаш можевме да дојдеме до оригиналните текстови, па бевме принудени да користиме посредни преводи; најавените содржини за следниот број ги одложувавме за оној по него (така и сега: Бодријар, Гринавеј и тематот за Преведување ќе се најдат во следниот, октомвриски број); делумно бевме неправедни кон матичното животно на чијшто грб сме, Сорос-носорогот; итн. (допиши по желба, и конечно ковертирај и прати, ти бескрајно апатичен (“)маргиналецу(“)!)
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не апострофирајќи го квалитетот на објавените текстови (ма зошто да не!: апсолутно супериорен во однос на било која конкуренција овде, во Македонија!) факт е дека се публикувани (во тие пет броја) околу 900 (авторски) страни текст, повеќе од стотина графички прилози, два стрипа од по четириесетина страници, и плус е направена дискета со првиот хипер-текст во Македонија, скромен но направен професионално и со многу дух (за септември планираме многу поамбициозен хипер-текст, на 5 МБ, со 500 страни текст, звук и педесетина слики). 4 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)