грлен (прид.) - извик (имн.)

Пцуеше се грлени извици и маваташе со тешкиот девет милиметарски валтер. На сенка нишани, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се тргнав, пак со грлен извик и пак бев меѓу луѓето, меѓу нивните сенки и воздишки на претсмртници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Гледај сега, возбудено ми дошепна Цане, - Гледај... Гледав. Арсо се нишаше пред тапанот, пушташе некакви грлени извици, смешно подрипнуваше од нога на нога; кога го догледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лилјаците уште беа закачени за мене, за моето месо од кое капеше зелена крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вода, со грлен извик побара; никој не го чу.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)