Со кредитни јамки во неколку банки македонски маки, живот африкански од денес за утре, од утре до вечност косата белее од премногу чесност Платата доцни, денови грозни да наполниш туѓи паркови возни за дворови нечии да оставиш коски за газдите сурови, безмилосни, прости Жената бесна, нема за фризер притисок качен, желудник гризе живот на рати во џебот суша сметки за струја тежат на душа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Очите ми се превртуваа, колената ми штракаа, срцето ми биеше во грлото, и чекав секој миг пајакот грозен да нѐ заплете во мрежата своја, да нѐ удави, да нѐ голтне живи, со осило отровно да нѐ прободе низ душата, во срцето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)