груб (прид.) - и (сврз.)

Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За Грците сѐ словенско беше грубо и бугарско. Со името Бугари нѐ крстија Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстување не е единствено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во него нема човештина, никој за ништо не може да му се довери на овој груб и опасен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да полудат пред глетката на грубата и насилна смрт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жандармот за него не беше груб и поради дебелите стакла на очилата личеше на жандарм.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во споредба со него, со еден збор, страчките биле оперски хор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И без капа и со капа еден бас, глас груб и рапав, татнел како улав тапан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Место него улицата ја посетуваше груб и ќелав полициски агент со очи-копчиња впиени во прозорецот со чипкени завеси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До еврејскиот крај стасавме брзо. Улица под старите касарни Кале стисната со груби и стари куќи - тоа ни беше целта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Еј, младоженец, станувај. Повикот, груб и потсмешлив, остана без одговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)