Можете да го избришете значењето на актот на ставање пенис во вагина, во уста, чмар, или под пазувите, но ако на интимното соединување на две тела му дадете значење поголемо од јукстапозицијата на два епидерми и мукози, ќе се најдете во царството на страста, и тоа нема туку-така да можете да го занемарите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Власта, во суштина е безлична; таа е „јас“ колку што е „јас“ и она „јас“ кое учествува во групен секс, каде сексуалните постигања на другиот стануваат дел од моето „јас“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ваквата состојба се индуцира во раното детство. Зарем лажењето во љубовта првенствено не е одбрана од сексуалната љубомора, и зарем трендот кон групен секс не е обид да се избега од тој конфликт? Тоа само до тривијалност го редуцира сексуалниот чин, и така го губи значењето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)