Во касарната, ги чував грчките комунисти кои, бегајќи од прогоните на грчката власт, преминуваа во Југославија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тука на 25 март 1949 година се одржа Вториот конгрес на Народно-ослободителниот фронт на кој беа донесени одлуки за поголемо учество на Македонците во граѓанската војна и беше речено и повторено дека грчите комунисти ќе им направат македонска држава, за разлика од онаа во составот на Југославија, но пред тоа ниту еден Македонец и Македонка да не остане надвор од борбата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)