Грчкиот конзул, пак, кога се однесувало за македонското револуционерно движење и воопшто за било која акција што не се совпаѓало со желбите и стремежите на грчката пропаганда во Македонија, ниту можел а ниту сакал да биде објективен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Напротив... На 23 април (6 мај), среда, на Ѓурѓовден, конзулскиот кор на Битола и валијата биле во визита кај грчкиот конзул по повод имениот ден на грчкиот крал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа, се разбира, не може да се провери на страниците на „Цариградски весник“ каде што Никола Поцо имал свои пријатели и каде што, по линија на таканареченото доброчинителство, можел да има поддршка, туку во еден друг документ објавен во зборникот „Документи за историјата на трговијата на Европска Турција“ од страна на грчкиот конзул во Трст во тоа време по име Адонис Гленди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„... Потчинувајќи се, впрочем, на јавно дадените директиви од страна на грчките конзули и патријаршиското свештенство - пишува Стег - Грците од Македонија играат улога на поткажувачи...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нам, на фамилијата, ни гледаат низ прсти оти работата добро оди, плус татко ми има добри контакти тука со грчкио конзул.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Едни селани со нивните учители и попови ја признаваат Патријаршијата и се под покровителството на српски или грчки конзули, а други го признаваат бугарскиот егзарх и ги слушаат бугарските трговски агенти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По толку месеци болест, дефинитивно ја одложија идејата за брак со грчкиот конзул за некои други времиња.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)