Од друга страна, сè додека југословенските односи со Бугарија не се пријателски, југословенската анексија на Солун, која би ја поделила грчката територија и целосно би ја отстранила Грција, би ги уништила дефанзивните југословенски балкански сојузници и нејзината граница би била опкружена со непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Врз база на информациите на британските воени мисии тој ќе истакне дека “словенските елементи во областа стануваат многу актвни за автономна Македонија вклучувајќи ја и грчката територија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Едмондс ќе му сугерира на Каиро Киро Георгиевски-Дејан да „престане со операциите на грчка територија“, но и самиот бил свесен дека „и тогаш веројатно регрути ќе заминуваат“ на територијата на Македонија, наместо да му се приклучат на ЕЛАС.333
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во однос на обединувањето на Македонија се потенцирала нивната подготвеност за прифаќање и одобрување на формирање на македонската држава во рамките на Федеративна Југославија, но дека тие со сите расположливи средства би се спротивставиле на формирањето на „голема македонска држава која има аспирации на грчки територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според добиените податоци од изворите се верувало дека ќе се дискутира за „забележителна преголема независност на македонската влада од владата во Белград“ како и за „македонската отвореност во формулирањето на барањата за грчка територија што, се верува, на ТИТО му предизвикува непријатности.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Единствено ако во случај Југославија и Бугарија политички би се обединиле или ако врз основа на најпријателски односи таа основна пречка за југословенското поседување на Солун ја изгуби својата важност, и тогаш југословенските политичари треба да размислат дали ќе биде исплатливо да се добие Солун на сметка на грчкото и исто така на турското непријателство".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)