Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По два часа од собата излегоа двајца дебели лекари со гумени ракавици.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Од сиот тој чад веројатно многу мирисаме, затоа што Марија ме гледа со неодобрување кога ќе влезам во соба и го отвора прозорецот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не стоеше сигурно на нозе, не можеше брзо да ги завлече рацете во студените гумени ракавици; на врвовите на неговите прсти умираше еден долго негуван акорд, една музика што се губеше како шум на секнат водопад.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)