Го гледавме Сталина, со строг поглед, густи веѓи и мустаќи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само во неколку наврати сонот фати да го совладува и да му ги враќа оние страшни слики, што лебдејќи на самата граница со јавето, тој успеа да ги оттурне.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Има голема дарба во него”, се согласува синоокиот Шварц, додека професорот Гејер со очилата спуштени на носот под густите веѓи, сркнува од чајот и, како што дискусијата за него се развива, каснува пишкоти и ту на едниот, ту на другиот, живо им потврдува со главата...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во очите му блеснале гневни молњи, а над густите веѓи се насобрале темни облаци...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Црната брада му го нагласуваше ликот како на дух, и слабата светлина на неговте очи сега личеше на слепило, тие сега се губеа многу подлабоко под густите веѓи. Личеше на преправен човек со маска.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Момево не спие ли? - ме забележа еден од нив, најмладиот ми се чинеше, со високо чело, густи веѓи и светли очи, со убави, нагоре свиткани мустаци.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Двете светнати копчиња под влакнестите густи веѓи раснеа кон мене.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иван Иванович има големи изразни очи со боја на тутун и устата малку му наликува на буквата ижица, Иван Никифорович има мали, жолтеникави очи, кои сосема се губат меѓу густите веѓи и дебелите образи, и носот му е како зрела слива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие паметат како изгледала порано оваа обична главичка; голо, детски розикаво теме, со венец остра, црвена коса над малите уши, подвижно чело просечно со две вертикални, страшно густи веѓи, голем црвен нос, широка уста, модри насмеани усни, ќосава брада со снежнобела кожа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таква убавица има - густи веѓи, јадри очи, румени, тркалезни образи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Напротив, со неговиот добродушен израз, со насмевката која бавно се прелеваше во благи движења на усните, во собирање на густите веѓи, тој успеваше да го придобие, смири, прифати другиот во помирлив разговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На неговото лице, со силно изразени јаболчници и густи веѓи, разделени со длабок засек вертикално избразден до средината на челото, се читаше оптовареност од трагичниот настан.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Црната кожа, дури и поцрна од онаа на Дине, и сенката од црните и густи веѓи, прикриваат дека со денови не било миено лицето. Очите големи и матни.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Излегувајќи, веднаш пред вратата, таа се судрува со Ревшин, кој отпрвин може само да се слуша, потоа и се појавува: кривулест, со црна брадичка, густи веѓи како мустаќи, конте.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бил на младешка возраст, снажен, ставит, со широко чело, со бујни црни коси, со густи веѓи, и мустаќи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Росана? - ме прашува тој а демончето дрско излезе од окото и сега се засолни под неговата густа веѓа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Курта е висок, малку поднаведен човек, со бело лице, густи веѓи и коса, малечки очи и накривена уста.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Нараснуваат, се слеваат во едно и, небаре орајќи меѓу брчките, се губат во густите веѓи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наспроти тенките мустачиња, густите веѓи над подгрбавениот нос изгледаа уште погусти: С`к ќе ти кажу нешто – и опколен со големо количество чад, го спушти гласот до доверлив шепот: Ја сам од Скопје, Хорацио Цвикало, артист. ***
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секој од нас поседува внатрешна енергија или, ако сакаш, сила.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Би сакал да ѝ ги види очите под густите веѓи.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Има густи веѓи, скоро споени, нададени во продолжение на челото и над очите.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Почнаа да ми се враќаат сите негови црти на лицето: густите веѓи, танкиот нос, кусата вилица, сините очи, неизнудениот патец на главата, широките мустаќи што му паѓаа преку устата...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)