Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Потоа, не распрашувајќи се, ги ослободиле шиите на воловите од животинските окови и ги потерале кон долот покриен со повеќебојно зеленило на грчави дрвца и секакви грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Колите ги оставиле на патот, оние со пушки и со кубури залегнале далеку пред нив зад карпи и, по издлабочености, некои стасале да постават пред себе исечени густи гранки за да останат невидливи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во секој случај не бев далеку од вистината инаку зошто од густите гранки на костените ќе се разлеваа како шумни водопади песните на револуцијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сјајот на неколебливото човечко око лесно се пробива низ густите гранки на збрканиот ум на неразмуниот човек, го топи мразот на тврдоглавоста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Без да почувствуваат замор, се движеа нагоре, како две мали точки низ зеленилото, пробивајќи се полека низ густите гранки.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)