Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Надвор беше паднал густ мрак како тесто.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Со лек, скоро нечуен крцкот вратата на тој стар, метален сандак се отвори и откри густ мрак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Веќе беше полн, густ мрак кога Бојан го прибра добитокот во кошарата, убаво затворајќи ги вратите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Разбиен е густиот мрак во одајата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)