Постои нешто што е француска култура, но таа ниту универзално ниту во својата целина не ги опфаќа сите поединци кои себеси се определуваат како Французи или кои, во даден миг, престојуваат во границите на француската нација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)