Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Далечните делови со крик го вратија татнежот и беа во тоа повторување лути и подмолни; нивните камени грла фрлаат вековните соништа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но тоа чувство отиде подлабоко од разумот, во некој далечен дел на неговото битие, каде што разумот не можеше да допре.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)