Капетанот беше љубезен, ни објаснуваше, ни раскажуваше настани од пловидби на далечни мориња.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но беше доцна: мојата роднина Емилија веќе беше се наведнала над пултот врз кој лежеа раширени, големи атласи со карти на далечни мориња, модри слики на ѕвезденото небо, книги со долги редици бројки во кои беше означен односот на географската широчина и должина со положбата на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа има свои далечни мориња, земји непознати на географските карти.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Биле тројца и веќе никој не ги паметел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога дошле со мирис на сол или на јод или на морски треви во косите, еден од друг погрд и сепак со чудна смиреност под русите веѓи, рекле Дојдовме од далечни мориња, бевме со синџири врзани за кораб, му отслуживме на царот, нѐ пушти болни и без заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Игор Лозински прв се огласи: - Јагулите го напуштаат Езерото, заминуваат од Балканот, тргнуваат низ реките до далечните мориња, океаните...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Низ Езерото минуваат, всушност, јагулите на пат низ малите и големите реки кои се влеваат во далечните мориња чии имиња предизвикуваат соништа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Меѓу Албанија и Македонија, фашизмот и сталинизмот, едно семејство како и јагулите го бара патот низ реките до далечните мориња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)