Во војска, или на далечни патувања, се испраќаат со седење пред разделбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од оваа кула, некогаш, мајките и жените ги испраќале своите сакани на далечни патувања, во безнадеж за повторно видување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Знам дека во меланхоличните денови сум носталгична по старите гитари, по стариот живот, по далечните патувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А, во неподносливите долги ноќи за да можам да направам само чекор го барав погледот во едни, сега веќе далечни очи кои некогаш беа совршен почеток на љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Заборавани импресии од далечни патувања, кои ја замаглуваат вистината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од друга страна гледаш локомотиви, маневарки, вагони - и товарни, и патнички.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Можеш да си замислуваш далечни патувања, средби и разделби...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ја зеде вазната при последната селидба, како спомен од далечното патување, како и каталогот на модната куќа Ла Ринашенте за пролетната мода во Италија, на една од триесеттите години.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
1. Приказната на иконописецот
„Тркнав до Бизант, царство на залез
а позлатено од живопис, од убав поубав
па откако се вратив, дали изменет
или себепронајден, како што обично бива
по далечни патувања и провиденија,
решив:
ќе ги осветлам тоновите на моите икони!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)