А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Повеќе од половина век, фотографиите биле запрени на кејот на Сена, небаре во движење во место, наменети, еден ден, до нив да втаса и еден од вистинските трагачи, еден од далечните потомци на Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)