Татко веруваше дека, најпосле, на видливиот хоризонт од животот што му преостануваше, ја наѕира близината на идниот сиџил кој се однесува на неговите далечни предци.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Натрупан од селаните, убиен, како што беше бил толчен и убиен со камења мојот далечен предок Никола Поцо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој бил наш далечен предок, некој си мој пра-пра дедо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тука Едгар Морен ми се довери:
Јас сум во мојата земја, во земјата на далечните предци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Прагот, сине, го поставил некој од нашите далечни предци.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во обата случаи, основ за тужбата е договорот за locatio conductio operis – кој, всушност, е далечниот предок и претеча на денешниот, за многумина од нас недостижен, договор за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)