Ова што го говореше лекарот, доаѓаше до свеста на Марија како ехо од некој многу далечен сон...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дали тоа било навистина така како што го нацрта или е само некаква илузија, некаков далечен сон...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сега ми се чинат далечен сон.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Понекогаш му доаѓаше како во далечен сон мислата да се извлече од оваа дупка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)