дебел (прид.) - гранка (имн.)

Сврте од другата страна на куќата по која растеше бршлен и полека, како мачка, почна да се качува по ѕидот придржувајќи се за дебелите гранки од бршленот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас, удобно седната на дебелата гранка од сливата, размислував за тоа колу е убав животот и незнам зошто но толку многу ми се брзаше да пораснам и постојано размислував за некоја иднина, не само што размислував но посакував што побрзо да дојде.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Најдов дебела гранка и напишав на неа „најубаво јадење за крокодили“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како декорот на театарската сцена пред почекот на претставата: посеаното лисје е од жолто, лажно злато, фасадата од куќата од картон, со исцртани прозорци, покрив и оџак од страна на публиката, а фонтаната е набрзина направена од гипс, дури и сенката е формирана од некој огромен затемнет рефлектор што пропушта светлина само на краевите, па местото, некаде во горните агли, е допрена со тенок, светлосен ореол, лесно е да се замисли лулка, закачена на дебелата гранка на дабот, подготвена да ја сочека младата девојка со книга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одев претпазливо. Сепак птицата ме виде, ги ришири крилјата и закреска.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)