дебел (прид.) - жена (имн.)

Двосмислена е: вита балерина со лице на старица, или дебела жена од пазарот што зборува милозвучно како самовилска мајка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Новите гости стигнаа рано изутрина. Млад човек, дебела жена, мало бебе и шест куфери.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ќелавкото, и дебелата жена, и блондинката се наполно незаинтересирани за часовникот, зашто се преокупирани со гневот поради сопствената маченичка работа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Никој веќе и не помислуваше да глуми болка од божемните рани.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во ходникот седнала една дебела жена и си јаде бел леб и кашкавал. Ја преполнила устата, ќе ѝ пукнат образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Печурките ми личеа на мали луѓе со шапки, дебелата жена на даночниот инспектор, до нас поклопена со широка шапка од жолта слама, - на голема печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зад влажното тезге покриено со чашки и шишиња стоеше дебела жена со загатливи очи на був.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми се чинеше дека дебелата жена на инспекторот се дуе и станува сè потркалеста, слична на балон наполнет со воздух.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Маргина 37 151 Една дебела жена: Фатете ги!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Убијци!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Домаќинката, дебела жена, имаше добродушно и мирно лице.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неколку дебели жени со заруменети образи влетаа во салата за породување, носејќи букети цвеќе и бонбониери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И по тоа кој каква одбра, во институтот за брак, утврдија дека: убавите луѓе одбраа убави жени; грдите луѓе - грди; дебелите луѓе дебели жени; слабите луѓе - слаби жени...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не сакаш дебела жена, тоа си требало порано да мислиш, кога си се одлучил да ја земеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)