Внатре мрак. Тапчат на дебел слој лисја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Одеднаш Чорола Гагов и Митре Богојов, едниот од едната страна, другиот од другата стана на реката, се фрлија во вирот порабен со дебел слој мраз.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Очите му се замаглија и се сети како со мистријата црпна малтер, како го размачка во дебел слој врз сенката и како брзо ги стави тешките блокови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не нада гаварит громка23, ми вели, а јас гледам во дебелиот слој паркетна маст што ми се лепи на нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најпосле се исправив гледајќи со ширум отворени очи во тркалестата арена покриена со дебел слој струготини.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На лицето има дебел слој шминка. Носи штикли, црни женски чорапи со појас, по гаќи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Коли, автобуси, камиони, кафеани, ресторани, хотели, жичарници, паркинг послан со дебел слој од бетон... и под нив тие кои беа - позициониот баталјон...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Водата ми се чинеше многу блескава, сјајна, како дебел слој на лак.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)