Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто во 1990 дојде „квир“-мигот, со неговата милитантна одбрана на девијантниот секс и на девијантните родови стилови, со неговите мажи во фустани, во кожа и со бисери, со неговото уживање во бучовските претстави и великоженствените театралности, неговото преосвојување на одозгорството и на одоздолството и неговото умножување (или преоткривање) на настраните подидентитети: на детенцето (twink), на меченцето (bear), на емото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)