Испратен по деликатна задача во овој град, тој во Софија ги остави колегите од министерството, пријателите, своите подостарени родители, софијанци во неколку генерации на кои времето покрај годините им придодаде и старечка завист и цинизам, но пред сè, својата жена, и дојден во овој град што е сè уште паланка во споредба со царска Софија, покрај со проблемите на работата, непрекинато се оптоварува со продолженото останување на неговата Лила во Софија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)