Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник со впаричување на должниковиот имот и распределба на остварените средства [приходи] на доверителите или со склучување на посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со 170 планот за реорганизација, што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот деловен потфат (чл. 3, ст.1 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: III PO-849/10. 2. „Стечајна постапка“ е колективна постапка што ја води над лежниот суд за реорганизација или за ликвидација на должникот; а „стечајна маса“ е имотот на должникот кој е предмет на стечајната постапка (чл. 2, ст.1, ал.65-66 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај ова, се укина можноста, за намирување на побарувањата што произлегуваат од утврдениот социјален план, да може да се употреби најмногу една третина од имотот што влегува во стечајната маса што бил достапен за распределба меѓу доверителите во стечајната постапка, во случај кога по отворањето на стечајната постапка нема да се донесе стечаен план, односно кога нема да се утврдат никакви економски, технолошки, структурални или други промени насочени кон одржување на должниковиот деловен потфат или на некој негов дел (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)