Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Примерите за геј-културата што ги наведува, оттука, откриваат низа потфрлања во разните негови концепции и дефиниции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И натаму e подвоена меѓу аристократските и демократските импулси, меѓу елитистичките стремежи и идентификациите со најдолните од долните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И натаму страсно се вложува во естетичноста и се пројавува ироничен вкус за мелодрама, и како естетски облик и како начин на чувствување или лично изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)