Колку и да не е соодветна таквата претстава во една демократска или егалитарна етика, хиерархијата си има место што ѝ припаѓа, и тоа неизбежно место, во доменот на естетиката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Македонската концепција за државно и национално репрезентативна main-stream култура, било таа да е државно- демократска или национално- либерална, со таа аисториска замена на политичкото со културното, или поточно: замената на реалното со имагинарното го чува македонскиот национален корпус од вистинската внатрешна политичка диференцијација и на подолг рок ги оневозможува шансите за Brad Holland демократизација и модернизација на македонското општество.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Накратко, естетизмот зависи од претставата за хиерархија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Негувањето на добриот вкус им е дијалектички спротивно на кампот и на неговата восхитеност од лошиот вкус, неговата љубов кон естетската катастрофа – дијалектички спротивно, велам, затоа што добриот вкус и невкусот нужно упатуваат еден на друг, а едното го имплицира другото и едното постојано ја приспособува сопствената дефиниција во однос на другото.
Самиот вкус, бил тој добар или лош, е бесмислен без скалило и мера за вредност, без степени на префинетост и распознатливост.276 Во естетизмот е вграден одреден снобизам, со цело множество аршини, критериуми, судови и перцепции, со обиди да се распознае подоброто од полошото, згодното од одвратното, оригиналот од имитацијата, реткото од вулгарното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)