Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Чана се протурка низ вратничето и со десната ја завлече зад себе и ја затвори.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
КАТА: (со левата рака му го подава на Пандета пагурчето, а десната ја држи на градите) Повели!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во борба за невистина нова, душата своја и раката десна ја уби.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Лицето му беше сиво; ја држеше жртвата со левата рака за кадравата пламеноцрвена коса, со десната ја удираше по дамкавото лице издолжено од зачуденост и од страв.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)