А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Знам, мирот трајно ме напуштил и не ми преостанува ништо друго освен малата школка што ја чувам во десниот џеб од панталоните да ја приближам до ушната школка; на сиот глас да ја пеам морската песна што ми ја шепоти, без да се грижам за тоа што луѓето околу мене не го разбираат тајниот солен јазик на водата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кире замолча, воздивна длабоко, и го откопча десниот џеб од својата војничка блуза.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бркни во џебот, мокри ми се рацете... Во десниот џеб е, - рече Денко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)