Писмото остава општ впечаток на сликовитост, но всушност содржи три вида симболи коишто заедно претставуваат зборови: »» Некои симболи употребени се како идеограми што ги претставуваат енитетите од реалниот свет или поими: lastovica odewe buba~ka pronao|awe jadewe sve` »» Некои симболи (фонограми) заменуваат одредени согласки или групи согласки речиси на ист начин како во системот на ребус во денешните детски игри.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ние другите не бевме љубоморни поради тоа, напротив сите го сакавме и поштувавме, тој беше нашиот идол и патоказ за сѐ и сешто што правевме во нашите детски игри и главен актер на сите возбудливи доживувања.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во куќата имаше голема трпезарија со долга маса, од двете страни на масата дрвени клупи на кои навечер ние децата испоседнувавме, уморни од целодневните детски игри и нестрпливо чекавме нашите мајки да ни ја принесат вечерата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
10 Од Empire State Building Југославија изгледа како полигон за детска игра. Ене, таму се гледа Brooklyn - Словенија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од Empire State Building сѐ наликува на детска игра.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Беше како во некоја детска игра, при која волкот не го очекуваше неговото свртување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ама, Хана, не се возбудувај, те молам, јас навистина не мислам да те вознемирувам, па ова е само детска игра, мантика, еден вид социјална забава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Да, тој е бајколикиот Град во детските игри, во кои секогаш ја посакуваше улогата на принцот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога излегувавме во паркот, таа ги учеше своите деца да играат некои детски игри, и самата таа играше со нив, играше со невидливото околу себе, со невидливото си подаваше топка, фрлаше камченца кон некаков круг, прескокнуваше и скокаше заедно со невидливото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во библиотеката на Гнездо таа отвораше книги пред невидливото, и ги учеше своите деца да читаат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ќе ги закопавме плачевме вистински, зашто нешто нѐ тераше, зашто бевме многу мали кога ни беше нарушена детската игра и детската фантазија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Овде сите прават исто, по ѓаволите, ко некоја бесмислена детска игра!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)