Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Дедо ти го прати `ржеников. Ранетиот се наведна и ги залепи своите испукани усни на детскиот образ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)