детски (прид.) - соба (имн.)

Во заднина, Арапин со дигнато копје и грчевит, можеби заден скок на лавот – драперија на ѕидот, разурнат во земјотресот, во мојата детска соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Родители, оставете ги прозорците на детската соба отворени. Нека децата ја ослушнуваат ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Мувата спие во детската соба, ти си раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од едната детска соба треба да направиш спална за 5, 6 деца со кревети на кат ‘ко фиоки поставени едно врз друго, како кибрити, а другата детска ќе ја претвориш во туш кабини зашто само за капење твоите и нејзините, па и ова заедничкото, ако не дај Боже се роди, очи ќе си ископаат, или коси ќе испокубат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со часови седеше во детската соба слушајќи ги своите деца како на глас спремаат испити и беше горда што толку брзо читаа, дека на факултет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Детската соба се загреваше со некаква голема печка на дрва, која со своето баботење ја засилуваше и така топлата и безбедна атмосфера внатре, во куќата, наспроти студот на улицата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Полицајците сфатија дека некој се крие во детската соба на младиот гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неговата детска соба беше војнички едноставна и скромна, како што впрочем доликува и на син на гардиски ветеран.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во толпата сите личеа еден на друг, тие сиви оловни војничиња од агол на некоја детска соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имаш душек без кревет, турско кафе без ѓезве, кујна без тањири и тенџериња, детска соба без играчки, ружен паркет без теписи, пенџериња без завеси...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во новиот стан родителите со регални елементи направија преградување, така што од една детска соба и дел од дневен престој обезбедија две детски соби - за Влатко и Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Така, без тропање, брзо влегоа и во нашата детска соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)