Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Воопшто, Потковицата беше прочуено ловиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но остана за чудење во врска со нив, со птиците, тоа што жителите на Потковицата, освен еребиците, дропките, тресопатките, дивите пајки и дивите гуски, другите не ги ловеа и не ги убиваа. Посебно не грабливиците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За нив, за грабливиците, кога ќе пцојсаше некој скот, така речи приредуваа вистински гозби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По небото, како синџир едноподруго летаа јата диви гуски. Гра-гру! Гра-гру! - се носеше нивното гракање во синиот небесен простор...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ненадејно засилен удар на ветар ме подгрбави и ми ги затвори очите, ме збуни со своето ревење и со криците на дивите гуски во себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Напати и сега ми се причинува дека се движам помеѓу шепотењата на збунетоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во сиот свој живот дотогаш немав видено бара со трски.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И прелетите на дивите гуски морав самиот да си ги замислувам бидејќи тие, и кога ја прелетувале планината, избирале подолни патишта, веројатно над пониските падини.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до мене, после оној наш разговор за коленцата и за животот на трските (мајка ми повеќепати ми имаше раскажувано за тој свет на барите и на мочуриштата покрај реките и за птиците во нив) ми се случи да ги сонам трските, долу во полето, покрај реката, и тоа заедно со дивите гуски што слетале во шеварот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Есента настапи... Јата диви гуски летаа на југ.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)