- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Истата споредба важи за дивата свиња и мамутот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако не си знаел, ќе ти кажам. Дивите свињи се дебелеат од мрша. Не си ги јадел. Утре тие ќе те лапаат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Сум видел јас и рис, и диви свињи. Мечка уште не сум сретнал...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Барбут- бегуле, - го повика Пишпирик својот ортак. – Кој ден може да е, кој месец?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од една грмушка истрча дива свиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Една вечер тој негов предедо наместил на една врвица во некоја корија стапица за диви свињи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На едно место сурија диви свињи го имаше испревртено снегот, изваѓајќи на површината партали слепени оломнански лисја од шумурината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој ги знаеше и сите млаки каде што можеше да биде задржан тој, а знаеше дека во вакво време дивите свињи се хранат со корењата, што ги ископуваат по тие млаки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Тамам, ете го. го најдовте - им рекол - еве јас имам млеко од вил, ако сакате, да ви го даам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Слекол лошите алишта, го јавнал коњо и одлетал кај што имало вилои, та зел млеко во едно шише и зел во друго шише млеко од дива свиња, та 'и пречекал баџанаците на патот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
„Рекоа дека дивите свињи сосема исчезнале, а останатите лисици, зајаци, верверички, откај јужната страна имало и срни, и еребици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Некогаш низ шумите имало над 70 видови птици, разни видови диви животни , мислам дури и диви свињи, многу инсекти и влечуги - разни гуштери и змии.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Бистри извори, јаготки, малинки, диви свињи, зајаци, лисици, мечки, па дури и диви петли и кокошки.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ова село е многу убаво, лежи на шесто метри надморска височина, со прекрасен воздух, планинска река, Бошавица во која има многу риби, таму можат да се ловат и зајаци, диви свињи и срни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)