Како слободни поединци, колку нé има, должни сме да го подигнеме својот глас против сите извршители и колаборационисти на дивиот ѕвер што кон Вавилон се тркала, да станеме во одбрана на целите на разумот, во одбрана на трезвеноста против ужасното општествено пијанство и надирачката предопштествена волја за смрт кога веќе не се избираат ни зборови ни дела.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Диви ѕверови гонат невини души и диви ѕверови сега ја растргнуваат мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Молеа за милост, а сега и јас за милост молам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ах, таа детска невиност! Кон светот гледав со стаклени очи, со утешен поглед и наивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го слушав јас тапото чукање на своето срце и гребењето на дивите ѕверови по мојава сирота душа, во тие далечни нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Подобро ќе беше дивите ѕверови цели да ги изеле и од нив да останеле само пердувите, како доказ за ѕверската грабливост.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката, која меко се отфрлува од задните на предните шепи, и волците, кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би го знаел тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Признавам: се исплашив. Со дивите ѕверови нема играчка, а јас не сум ловџија со пушка па да знам со нив да излезам на крај.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мене ми беше жал што дивите ѕверови се далеку од нас, но истовремено ми беше и мило, зашто, признавам: по малку се плашев.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Немојте овде да спиете, вели, има диви ѕверови. Повелете во мојата колиба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Текстот му стана интересен веројатно поради лично ненужниот податок дека кучињата во животот на луѓето се појавиле пред 14.000 години, од увидена потреба, но, веројатно, и поради некоја ирационална љубопитност во обидот да ги припитомат, и од која подоцна произлегла потребата за одбрана од дивите ѕверови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)