Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Јас во својот живот, со своето верување и пишување, верувајќи во заедништвото и соживотот, а не во делби и територијално разграничување според етничка определба, пишував на мојот мајчин албански јазик, но и на македонски јазик, завршувајќи го семејниот егзил, без да и се преруштам на друга дестинација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вчера, во медиумите се зборуваше за вистински дипломатски балет во Скопје, додека г.Ричардсон и г.Солана брзаа на средба со претседателот Трајковски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се разбира дипломатскиот балет е необична синтагма, но никогаш не сум помислувала дотогаш колку е смешна нејзината конотација во контекстот што го означува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Елен Лејбовиц
Ce 8 mai 2001
Monsieur,
Hier, les mdiаѕ parlaient dunbаllеt diрlоmаtiquе Skopje, tandis que se htаiеnt M. Robertson et Solana la rencontre du President Trajkovski. Certes, cebalet diplomatiquе est lexpression соnѕасrе, mais je nаvаiѕ jamais rаliѕ јuѕquе-l combien cocasse est le tableau quеllе vоquе. On est loin du Lас des суgnеѕ. Enfin, dfаut de gracieux entrechats ces dаnѕеurѕ pourront реut-trе continuer рrѕеrvеr lеѕѕеntiеl.
Ici, en France, аuјоurdhui on ftаit la victoire du 8 mai 1945!!! Ainsi va le mоndе Et јеѕрrе quun jour il y aura en Mасdоinе la ftе dunе Concorde сlbrеr.
Hlnе Lejbowicz
14 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И згора на тоа, пишуваше во написот, Патрик Крисман, кој, поради својата безбедност, треба да живее со постојана заштита од двајца полицајци крај себе, минува еден голем дел од своите ноќи во преведување на двајца автори, еден од Македонија, другиот од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)