Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Факторот на неспознатливост е во директна врска со иронизацијата на историјата како документ чија вистинитост не се доведува под прашање.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)