„Навистина немам увид во вашиот случај” се обидов да го избегнам директниот одговор.“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во разговорите во кои имам случајно учествувано последиците од некои ваши постапки се третираат како недоразбирања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На повторното инсистирање на Донован дали Бугарија се смета „притисната поради концентрацијата на германските трупи во Романија“, бугарскиот министер таквата констатација ја негирал, потенцирајќи дека „концентрацијата на германските трупи во Романија, како и на други места во Европа, ја сметал за сосема нормална“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овој козоцид?! – дополни татко ми, без да одговори. Да, тој немаше директен одговор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)