Тој, зборуваа студентите, во почетокот на семестарот ги земал од библиотеката на Отсекот повеќето книги што на директен или посреден начин биле поврзани со темата на неговиот семинар и до крајот на семестарот ги чувал кај себе.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според измените, доброволната писмена изјава се поднесува еднаш годишно, најдоцна до 31 август (по стекнат стаж од 64 години за мажи, односно 20 Согласно одредбите од Уставот на РМ (1991), Законот за спречување и заштита од дискриминација (2010) и Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012) забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот и социјалната сигурност и секоја директна или индиректна дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тоа беше спротивно на тенденцијата кон механизирање, која стана квазиинстинктивна речиси во целиот свет и, уште повеќе, секоја земја што остануваше индустриски неразвиена беше беспомошна во воена смисла и беше осудена да падне под доминација, директна или индиректна, на своите понапредни противници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Забранета е секоја злоупотреба на доминантната позиција од едно или повеќе претпријатија на релевантниот пазар или негов суштински дел (чл. 11, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)