Некој што не се движи, а сака, некој што може да се движи а не сака, некој што заборавил како да го прави тоа, некој што е на друго место, некој што е тука а воопшто не е тука, некој што мисли дека не може, но може ако мисли дека може.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можам ли да кажам, набљудувајќи и испитувајќи, дали некој е во длабока медитација, длабок транс, под хипноза, се преправа дека е парализиран, навистина парализиран, целиот смрзнат од страв, или всушност може да се движи, но не смее и не го прави тоа?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како да не се приврзеш
за овој гламур на голотијата
спрострена удобно
меѓу земјата и етерот
како визија од длабока медитација
ом, ом, ом, дом на душата?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)